Информатор на општина Новаци 45 | Page 8

Со големи василичарски огнови дочекана Православна Нова година во општина Новаци Со големи василичарски огнови, богата трпеза, мазник со паричка и колбаси се прослави Василица или Православна Нова Година во општина Новаци.Ова е една традиција која масовно ја применува скоро секое маало во оваа општина. Градоначалникот на општина Новаци Православна Нова 2016 година ја дочека со жителите.Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители. Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на сите василичарски огнови. „ Овој период е еден од најубавите во годината затоа што изобилува со празници, со можност за прослава и дружење, но и за зачувување и продолжување на богатите народни обичаи.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Денеска е Василица, осмиот ден после раѓањето на Исус Христос кога тој бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Об­резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Де­неска исто така се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум