Информатор на општина Новаци 45 | Page 7

Доделени сертификати за учество во преоктот ОКР „Растеме и учиме заедно 2“ Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска на петте едукатори ангажирани во рамките на програмата општинско корисна работа проект „ Растеме и учиме заедно 2“ им додели сертификати за учество и успешна работа . „Проектот „ Растеме и учиме заедно 2 “заврши званично на крајот на 2015 година со новогодишна приредба во сите центри за ран детски развој а ова сега е доделување на сертификати за успешно завршен проект. Со овој проект времено беа ангажирани пет едукатори и еден дефектолог . Ова е трет пат како општина Новаци реализира проект од програмата Општинско корисна работа со помош на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. “рече градоначалникот Котевски. Ова е трет пат општина Новаци да имплементира проект од овој тип. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“ за едукација на деца од претшколска возраст. 7