Информатор на општина Новаци 45 | Page 6

Советот на општина Новаци ја одржа 45-тата седница Советот на општина Новаци се состана и ја одржа 45 –тата седница која како и секогаш започна со усвојување на записникот од претходната 44та седница. На денешната седница советниците имаа полни раце работа затоа што разгледаа околу триесеттина точки на дневен ред. Донесоа одлука за усвојување а тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01-31.12.2015 година,предлог одлука за измена и дополнување на ОДлуката за извршување на буџетот на општина Новаци за 2016 година, ја определија висината на благајничкиот денарски и девизен максимум, а формираа и Комисија за проценка на штети при елементарни и други непогоди, го усвоија полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2015/2016 година а донесоа изаклучок за усвојување на извештајот за извршен редовен попис во општина Новаци со состојба заклучно до 31.12.2015 година. Советниците ја разгледаа можноста и донесоа одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани, спортски , технички и научни друштва, наменски дотации за културно – уметнички манифестации и еднократна помиш за физички лица.Советниците донесоа и неколку одлуки поврзани со спортските активности во општината односно одлука со која се одобруваат средства за плаќање на потрошена електрична енергија за фудбалскиот стадион во с. Новаци,одобрена беше програмата за одобрување на финансиски средства за учество во трета македонска фудбалска лига – пролетен дел 2016 година,одобрена беше одлука за давање согласност за изнајмување на салата во основното училиште „Славко Лумбарковски“ I определen e предлог ценовник за таа наме