Информатор на општина Новаци 45 | Page 3

Работилница: „Нови маркетинг технологии за промоција на туристичките патеки на територијата на општина Новаци“ Во рамките на проетот „Жива историја, жива природа 2“ се одржа работилница за туристички работници на тема „Нови маркетинг технологии за промоција на туристичките патеки на територијата на општина Новаци“. Експерти ги обучуваа и дебатираа со дваесеттина туристички работници, претставници на туристички агенции и водичи за модерните начини и техники за промоција на богатото културно, природно и историско наследство со кое располага општината. „ Ова е продолжение на европскиот прекуграничен проект кој го работиме веќе неколку години наназад со општина Алмопиа, Грција. Денешната работилница ја организираме со цел да ги искористиме сите можни расположливи маркетинг техники за промоција на богатото културно наследство со кое располага општина Новаци и на тој начин да го развиеме алтернативниот туризам “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Богатата агенда на работилницата даде многу можности и начини на размислување како активниот рурален туризам да се стави во функција на локален економски развој на регионот. 3