Информатор на општина Новаци 44 | Page 8

Реконструирана продавницата во с. Живојно, општина Новаци Завршена е темелната реконструкција на еден дел од продавницата во село Живојно и промена на кровот на постоечката продавница. „ По барање на жителите на Живојно општината направи темелна реконструкција на една просторија од продавницата во ова село односно се сруши постоечката ѕидарија и се изградија нови ѕидови, се постави нов кров, се обложија со гипс картон, купени и монтирани се два нови прозорци и нова врата од PVC. Просторијата им е доделен а на користење на месната заедница за состаноци, дружење на ѓителите и слично. На просторијата каде работи локалната чпродавница пак целосно им е сменет кровот. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Целиот реконструктивен зафат на двата објекти од продавницата во Живојно чинеа 1 милион денари кои се обезбедија од Буџетот на Општина Новаци. Изграден е пешачки мост во с. Градешница, Мариово На барање на жителите на мариовското село Градешница изграден е пешачки мост со распон од 14 метри со средства од Буџетот на општина Новаци. „ Заради олеснување на секојдневниот живот во мариовското село Градешница имавме барање од жителите да им се изгради нов пешачки мост. Ние тоа го направивме со средства од сопствениот буџет во износ од 1,5 милион денари. Имено станува збор за мост кој е наменет за пешаци и лесни возила со распон од 14 метри кој е поставен на челична решеткаста конструкција а потоа врз него е направена бетонска плоча за газење. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Во ова мариовско село за скоро ќе започне втората фаза од реконструкцијата на црквата Св.Димитрија која потекнува од 16 век а е под заштита на Управата за заштита на културно наследство на РМ. Средствата во износ од 38 000 евра се обезбедени од ИПА проектот „ Жива историја, жива природа 2“ за прекугранична соработка помеѓу Македонија-Грција . 8