Информатор на општина Новаци 44 | Page 6

Заврши проектот „Растеме и учиме заедно 2“ во центрите во Живојно, Добромири, Гермијан , Далбеговци и Агларци Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на општина Новаци со кој беа отворени пет центри за ран детски развој во Живојно,Агларци, Далбеговци, Добромири и Гермијан. Со овој проект времено беа ангажирани пет едукатори и еден дефектолог . Ова е трет пат како општина Новаци реализира проект од програмата Општинско корисна работа со помош на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.„Со новогодишни приредби на дечињата во сите пет села го означивме завршетокот на овој проект за општинско корисна работа кој е реализиран преку УНДП. Им доделивме пригодни пакетчиња на сите дечиња , а минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава. Заинтересираноста кај родителите е многу голема затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече Лазаротевски,градоначалник на општина Новаци. Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“. Новогодишни пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци. 6