Информатор на општина Новаци 44 | Page 4

Присутните имаа можност да ги дадат своите идеи на поставениот штанд пред општина Новаци.На трибината во Новаци, можеа да се чујат повеќе идеи за инфраструктурни , комунални и други зафати. „ Сакам да упатам голема благодарност до Владата и вицепремиерот за реализацијата на ветениот проект реконструкција на патот Новаци –Клепач кој беше ветен пред 2 години а пред 1 месец ветеното е реализирано. Прашав дали постои можност да се реши проблемот околу автобускиот превоз на меѓуградската линија кој ги поврзува селата од општина Новаци. “ рече Вецко Марковски, жител на Долно Агларци. „ Сакам да искажам голема благодарност до Владата на РМ за целосната поддршка и помош која ни беше дадена за време на поплавите кои ја зафатија општина Новаци а беа од големи размери и предизвикаа големи штети врз земјоделсите посеви и индивидуалните објекти. Прашав како може да се решат проблемите кои ги имаат дел од земјоделците при реализација на проектите за користење на мерките од програмата за рурален развој. “ рече Пецо Ристевски,жител на с.Новаци. ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години практикува во центарот на политичкото дејствување да ја става довербата на граѓаните а тоа значи одлуките за сите важни прашања да ги носат тие, затоа што граѓаните најдобро ги знаат проблемите но најдобро ги знаат и решенијата. ВМРО-ДПМНЕ има формирано тим од домашни и од странски стручни лица кои работат на предизборната програма и кои внимателно ќе ги анализираат прибраните идеи од граѓаните. Сите нови идеи на државно и на локално ниво ќе бидат разгледани, а партијата преку ваквите трибини низ сите населени места во државатапланира до крајот на годинава да ја заокружи програмата на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2016 до 2020 година. 4