Информатор на општина Новаци 44 | Page 3

Трибината ``На Македонија и треба твојата идеа`` во Новаци Граѓаните на општина Новаци пред Потпретседателот на Владата на Р. Македонија и актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и пратеникот од ИЕ 4 Мирјана Хаџиевска, ги дадоа своите идеи за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ 2016-2020 година на трибината ``На Македонија и треба твојата идеа``. Општинската сала беше преполна за да ги прими сите жители на оваа пелагониска општина кои сакаа да бидат слушнати од челниците на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. Вицепремиерот Ставревски ги акцентираше проектите што ги реализира Владата на ВМРО -ДПМНЕ и успесите што ги постигна во изминатите години. „Изградивме патишта, водоводи, училишта, спортски објекти, ги помагаме земјоделците со субвенции, ја намаливме невработеноста со нови фабрики, ги зголемивме пензиите. Со нови идеи, проекти и со исто темпо продолжуваме понатаму. ВМРО е секогаш тука да ги слушне идеите и потребите на граѓаните.Граѓаните, се движечка сила на ВМРО ДПМНЕ. Заедно работиме на изборната програма за периодот 2016- 2020 година во која ќе предвидиме проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на сите и со која ќе извојуваме уште една победа во април.“ рече вицепремиерот Зоран Ставревски. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата заедно и непосредно со сите граѓани да ја пишува новата изборна програма. 3