Информатор на општина Новаци 44 | Page 18

Новогодишната претстава на Културно иновативниот клуб Новаци Дечињата кои членуваат во ултурно иновативниот клуб Ноавци од Новаци синоќа одржаа Новогодишна аматерска претстава . Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија. „ Секоја година организираме новогодишна претстава за дечињата од нашата општина. Исто така општината за сите дечиња кои одат на училиште, центрите за ран детски развој , како и за социјалните случаи купува и им дарува новогодишни пакетчиња. “ рече Лазар Коетвски,градоначалник на општина Новаци. Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини. Влезот за претставата беше бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци. 18