Информатор на општина Новаци 44 | Page 17

Општина Новаци со новогодишно руво подготвена за дочек на 2016 година Започнаа подготовките за дочекот на Новата 2016 година во Општина Новаци. Веќе е започнато новогодишното украсување на улиците и општинската зграда и дворот. „Годинава за поправка, сервисирање со монтажа и демонтажа на постоечки украси за на електрични столбови , набавка и кроење на кабел за осветлување и набавка,транспорт и кроење со монтажа и демонтажа на светлечко црево за украсување на поважните улици на цела територија на општина Новаци од буџетот издвоивме 350 000 денари. За набавка на пиротехнички средства т.е огномет за дочек на најлудата ноќ издвоивме 100 000 денари. Исто така ќе обезбедиме богата музичка понуда за дочекот на Новата 2016 година, новогодишни пакетчиња за сите деца од ЦОУ Славко Лумбарковски во Новаци и Центрите за ран детски развој. рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Општина Новаци и оваа година ќе организира богата програма и забава со многу естрадни гости, бесплатно мезе, ќебапи, топла жолта ракија, вода, сок, кифлички и салати за месното население во општина Новаци. За Нова година никако не смеат да бидат заборавени најмладите жители затоа што за нив покрај нов