Информатор на општина Новаци 44 | Page 16

Модна работилница во Новаци ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци беше домаќин на едукативна работилница за изработка на ракотворби со дечињата од ова училиште во рамките на предметот „Вештини за живеење“. Во текот на двочасовната едукација се изработуваа накит, обетки, украси, ѓердани, брошеви, шарпи, шалови,капи, чанти, колани и други модни додатоци и употребни предмети. „Општина Новаци е секогаш расположена за соработка доколку се разбира станува збор за нешто навистина интересно, едукативно и кое ќе има голем ефект и корист за жителите на општина Новаци. Во овој случај доста ќе биди корисна за децата кои можат да видат како се изработуваат овие предмети со мали средства а многу труд и љубов. На Здружението на Македонски ракотворци им дониравме мали средства со цел да ја организираат оваа работилница. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. „ Денешната работилница се одржува во текот на двата блок часови „ Вештини за живеење“ кои се по редовен наставен распоред на часови. Многу е полесно нешто да се научи и запамети ако се види практично како се изработува, па затоа сметам дека ова навистина ќе им остави голем впечаток на децата. Ќе се трудиме во иднина да организираме други слични вакви настани. “ рече Васко Ристевски, директор на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци. „ Многу сум задоволна од интересот на децата за изработка на вакви предмети рачно изработени. Можам да кажам дека вакви работилници сме правеле и во други училишта но овие дечиња кои потекнуваат од рурална средина покажуваат поголем интерес и се поумешни во изработката на вакви предмети. “ рече Гордана Лазаревска, претставник од ЗУР Македонски ракотворци од Битола Модната работилница се организираше во соработка со претставниците од ЗУР Македонски ракотворци од Битола и Здружението на пензионерки од Новаци.Средствата за модната работилница финансиски ја помогна Општина Новаци. 16