Информатор на општина Новаци 43 | Page 12

Младите луѓе од Новаци имаат можност на своите врсници од Италија и Шпанија да им ја претстават својата земја и општина, традиционалните јадења, носии и музика. Програма, „Еразмус плус 2014-2020“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Приоритет на оваа програма е создавање на квлификувани кадри кои ќе може да одговорат на современото стопанство. За реализација на „Еразмус програмата“ европската комисија има издвоено 4,7 милиони евра. Со оваа програма може да искористат 7 европски образовни програми со кои заинтересираните може да си ги подобрат своите вештини според потребите од секторот од кој доаѓаат.Над 4 милиони европјани учат, стекнуваат искуство и волонтираат во странство користејќи ги програмите од Еразмус програмата. 12