Општина Новаци успешно реализираше проект од програмата Еразмус плус за
мобилност на младите
Тринаесетте учесници во проектот за „Унапредување на вештините и способностите на
младите од
планинските и
руралните области“
во рамките на
програмата Еразмус
плус, кои беа на 10
дневно студиско
патување во Италија
му се заблагодарија
на градоначалникот
Котевски за
реализацијата на
проектот.
„ Општина Новаци во
соработка со
општините Маглиано Алпи, Фрабоса Сотана и Фрабоса Сопрана од Италија и општина
Куенка од Шпанија беше
дел од проектот за
Мобилност на млади луѓе
„ Youth 4 L@B project” од
Еразмус плус програмата.
Со имплементација на
проектот , 13 млади лица
од Општина Новаци , на
возраст од 18 до 25
години беа на студиско
патување во Италија во
периодот 30.10 – 8.11.
2015 година.Секој ден им
беше исполнет со
работилници и се
надевам дека тоа што го
видоа и научија ќе им
послужи во понатамошниот живот . “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина
Новаци.
Паралелно со промотивната кампања за Еразмус плус програмата на Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност , општина Новаци може да се
пофали со успешна реализација на проект од овој тип.
„ За време на десетте дена во Италија младите луѓе од Новаци се запознаа со млади луѓе
на иста возраст од три италијански општини и една општина од Шпанија. Сите заедно имаа
можност да посетуваат работилници посветени на занимањата и вештините
карактеристични за планински и рурални области како на пример работилница за
одгледување и преработка на лешници, правење сирење, готвење, обработка на камен и
мермер, производство на органски мед и слично. “ рече Катерина Чукалевска, проектен
координатор – Општина Новаци.
11