Информатор на општина Новаци 43 | Page 10

Општина Новаци донесе одлука парично да ги помага студентите со висок просек Oпштина Новаци доделува еднократна парична помош за талентирани студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и кои пред се, се жители на општината. Оваа одлука ја донесе Советот на последната 43-та седница која се одржа во понеделникот. „ Донесовме ваква одлука по предлог на една советничка во Советот на општина Новаци и таа беше едногласно прифатена. Станува збор за доделување на еднократна парична помош во износ од 6000 денари на студенти кои имаат висок просек над девет а студираат на државни универзитети во нашата земја.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Право на оставрување на помош имаат само студенти кои се жители на некое од населените места кои се на територија на општина Новаци, државјани на РМ , просек најмалку девет и редовни студенти. Документите се поднесуваат во архиваат на општината а покрај пријавата треба да содржат копија од лична карта и уверение за државјанство, потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветната студиска година и уверение со број на положени испити и со минимален просечен успех девет. 10