Информатор на општина Новаци 42 | Page 7

Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница на која се најдоа на рагледување и гласање околу триесеттина точки на дневен ред. седница за што немаше никакви забелешки. Седницата започна како секогаш усвојување записникот претходната и со на од Потоа се донесоа 18 одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за објекти во Новаци, Живојно,Бач, Рапеш, Градешница, Рибарци, Добромири и Гермијан. Советниците донесоа и одлука за отпочнување на изработка на урбанистички план за населено место Новаци и предлог одлука за организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација во општина Новаци. Советот на општина Новаци донесе одлука за имплементација на ИПА проектот за прекугранична соработка Македонија-Грција „Жива историја,жива природа 2“ , одлука за одобрување финансиски средства за фудбалскиот клуб Новаци за натпреварување во есенскиот дел од фудбалската сезона 2015 во третата македонска фудбалска лига, како и одлука за кофинансирање на проект „ Опремување на Младински културен центар во населено место Новаци “. Советниците одобрија општина Новаци да има свое сопствено учество од Буџетот за изградба на атмосферска канализација во село Далбеговци крак 0 во износ од 1.305.153,00 денари. Советот донесе предлог одлука за формирање на сили за заштита и спасување при општина Новаци. Пред смаиот крај на седницата советниците го разгледаа и одобрија барањето на Здружението граѓани „ Трновчица-Будимирци“ за набав .