Информатор на општина Новаци 42 | Page 4

Градоначалникот Котевски на заеднички консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска е на дванаесеттиот по ред состанок на заедничкиот консултативен состанок помеѓу Европска Унија и република Македонија во Инекс Горица во Охрид. Претседавачи на комитетот се градоначалникот на општина Аеродром ивица Конески и Жан Франсоа Истасе. По усвојувањето на дневниот ред и записникот од претходниот состанок , воведни обраќања имаа министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, копретседавачот на ЗКК Жан Франсоа Истасе, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје Коце Трајановски, и градоначалниците на општините Охрид и Аеродром Никола Бакрачевски и Ивица Коневски. „ Денешната средба започнува со разгледување на состојбата со проширувањето на Еу и вклученоста на локалните власти во тој процес. Сите присутни имавме можност да размениме различни мислења и ставови по однос на ова прашање. Втората сесија продолжува со дискусијата околу пренесувањето на надлежности на локално ниво и фискалната децентрализација - искуства од ЕУ и надградување во децентрализацијата и процесот на фискална децентрализација во Република Македонија. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска е на дванаесеттиот по ред состанок на заедничкиот консултативен состанок помеѓу Европска Унија и република Македонија во Инекс Горица во Охрид. Претседавачи на комитетот се градоначалникот на општина Аеродром ивица Конески и Жан Франсоа Истасе.По усвојувањето на дневниот ред и записникот од претходниот состанок , воведни обраќања имаа министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, копретседавачот на ЗКК Жан Франсоа Истасе, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје Коце Трајановски, и градоначалниците на општините Охрид и Аеродром Никола Бакрачевски и Ивица Коневски.„ Денешната средба започнува со разгледување на состојбата со проширувањето на Еу и вклученоста на локалните власти во тој процес. Сите присутни имавме можност да размениме различни мислења и ставови по однос на ова прашање. Втората сесија продолжува со дискусијата околу пренесувањето на надлежности на локално ниво и фискалната децентрализација - искуства од ЕУ и надградување во децентрализацијата и процесот на фискална децентрализација во Република Македонија. По работниот дел сите пруситни на состанокот на ЗКК помеѓу ЕУ и РМ плнирана е факултативна програма – Претставување на културно-историското богатсво на Охрид со можност за прошетка со брод по Охридско Езерo. 4