Информатор на општина Новаци 41 | Page 7

Се одржа шестата последна форумска сесија во општина Новаци Со одржување на последната шеста сесија од програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ заврши проектот кој општина Новаци го реализираше и од кој како краен резултат произлезе планираниот буџет за 2015 година по мерка на жители. Целта на оваа сесија е да се направи статистички преглед на реализираноста на проектите кои беа изгласани од граѓаните, да се презентира процентот на извршување на буџетот на општина Новаци за 2015 година и сл.„ Буџетскиот форум беше доста успешен во општина новаци, сесиите беа навистина посетени а што е најважно успеавме кај жителите на општина новаци да ја разбудиме нивната заинтересираност да бидат вклучени во планирањето на буџетот.резултат на тоа беше донесен буџет на општина новаци за 2015 година во консултација со жителите на општината и согласно нивните потреби. На петтата форумска сесија жителите гласаа за вкупно 25 предлози. Од нив целосно се завршени 6 проекти, во тек се 14, до крајот на годината ќе се реализираат уште 2 а воопшто не се започнати само 2 проекти. Вкупниот буџет на општина новаци за 2015 година изнесува 268.065.024,00 денари. Досега процентот на реализација на општински B