Информатор на општина Новаци 41 | Page 6

15 години Пелагониски научни културни средби во општина Новаци 15 години успешно организирање на Пелагониските културно научни средби од кои излегоја многу трудови и исто толку зборници. Средбите за прв пат беа организирани во 2001 -та година и досега учество зеле голем број научни дејци. Богоја Таневски претседател на Пелагониските културно научни средби вели дека средбите се одржуваат во Новаци бидејќи сите научни дејци се по потекло од овој крај. Лазар Котевски градоначалник на Новаци вели дека општината застанува зад овие Пелагониски средби кои се од големо значење за општината. „Мноштво научници од областа на историјата и македонистиката ги презентираат своите трудови посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Општина Новаци секоја година средбата ја финансира со средства од својот буџет“ рече градоначалникот Лазар Котевски. Извршниот одбор на манифестацијата Пелагонски научни средби при Општината Новаци, на седницата одржана во април 2015 год. одлучи признанието ПОВЕЛБА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА 2015 год. да му се додели на научниот работник проф. д-р сц. Борис Ангелков од Битола. Тој на Пелагониските научни средби активно учествува редовно од 2011 година со научно-стручни трудови со теми од неговата специјалност од областа на ветеринарството, сточарството и образованието. Oпштина Новаци по петнаесетти пат беше покровител на научниот собир насловен „Пелагониски научни културни средби“. 6