Информатор на општина Новаци 41 | Page 5

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2015“ Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2015, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2002-2007 генерација од пионерските клубови на Србија, Грција и Македонија. На дводневниот меѓународент фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2015“ беа доделени следните награди: -Во генерација 2002 за најдобар голман беше прогласен Георгиадис Костас од ПАС Флорина, најдобар стрелец Бојан Наумовски од ЛГ Битола, најдобар играч Анатолиј Петејќук од прилеп Тони. Во оваа генерација трето место го освоија ПАС Флорина, второ место екипата од Прилеп а првото место му припадна на ЛГ Битола. Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Давид Даралиевски од Еден на еден од Могила, најдобар стрелец Дино Барошановски од Прилеп Караорман а најдобар играч Михаил Талевски од Еден на еден од Могила. Третото место го освоија фудбалерите наЕден на еден од Могила, второто место о освои екипата на прилеп а првото место му припадна на ЛГ Битола. Во генерација 2006 за најдобар голман беше прогласен Андреј Данчњевски од вардар, за најдобри стрелци беа прогласен Иван Каревски и Христијан Стојановски од ЛГ Битола, а најдобри играчи Јован Стојанов од Г