Информатор на општина Новаци 41 | Page 15

Промоција на две поетски книги во Новаци „Враќање во Пелагонија“ и „Еликсир на животот“ се дебитанските книги поезија на Добри Крушкоски.Книгите се во издание на Пелагониските научни средби-Новаци.За поетското остварување на авторот говореа Богоја Таневски и Ѓорѓи Лазаревски. Двата поетски ракописи се во духот на современата македонска поезија,пишувани со една лирска растрепереност,во кои се открива поетовата наклоност да пее за љубовта,за убавините на Пелагонија,за своето духовно и физичко врзување со природата. Авторот верно ја пренесува сопствената поетска инспирација преку нагласена употреба на метафориката персонифицирајќи сѐ што се залепило за душата,со јасна нагласеност на звучноста на зборовите. Книгите финансиски се поддржани од градоначалникот на Општина Новаци господин Лазар Котевски.Промоцијата на книгата беше во организација на Културно иновативниот клуб Новаци. 15