Информатор на општина Новаци 41 | Page 13

Општина Новаци го прослави Рождеството на Пресвета Богородица Со молитви пред иконата на Богородица, богослужби со литургија и со голем народен собир мноштвото православни христијански верници го прославија раѓањето на Мајката Божја, односно Мала Богородица. Овој празник општина Новаци која беше овогодишен кум на славата традиционално го прославува во манастирот Рождество на Пресвета Богородица. „Прославата започна во неделата и завршува со понеделник во преубавиот пелагониски манастир Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци каде се прославува веќе 25 ти пат .Црковниот одбор се погрижи како и секоја година така и оваа да има богата културно уметничка програма за многубројните гости ко