Информатор на општина Новаци 41 | Page 11

Втора фаза од теристичката дезинсекција во општина Новаци Екипа на Центарот за јавно здравје Битола денс ја спроведува втората фаза од ларвицидна теристичка дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти на подрачјето на општина Новаци. Системската дезинсекција е превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести согласно утврдениот план и програма на општината за 2015 година.„Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ , а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци на територијата на нашата општина се спроведува превентивна системска дезинсекција како против епидемиска мерка која се реализира во две фази. Активностите ги спроведува ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола а трошоците ги сноси Министерството за здравство на РМ.“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Дезинсекцијата се спроведува од земја со апаратура од УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло .Третирањето ќе се изведува со препаратот АЉУА К-ОТХРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН. Со оваа превентивна мерка ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река Црна,подрачјата околу каналскиот систем , локалитетите со застојани водени површини,урбани населби и локалитети предвидени спроред планот и програмата.Во случај на појава на н