Информатор на општина Новаци 40 | Page 3

Ќе се чисти река Црна во должина од 30 км Координативното тело за чистење на река Црна составено од претставници на општините Новаци, Могила, Битола и Прилеп како и водостопанските претпријатија на овие општини постојано се во контакт со МЗШВ и ДЗС во врска со акцијата која деновиве треба да започне .Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е назначен за главен координатор на акциониот план на Владата каде се предвидени активности за темелно расчистување на коритото на Црна. „Ова е превентивно чистење од вегетација и поправка односно враќање во првобитна состојба на разрушените насипи на река Црна и Елешка како и на 5-ти,9-ти и 10-ти канал. Aкцијата ќе опфаќа вкупно 30 км речно корито односно 20 км од Прилеп до Битола и уште 10 км до с.Брод т.е по 10 км во секоја од општините:Новаци, Могила и Прилеп. Планирано е машинско чистење на речните корита од висока и ниска вегетација и нивно депонирање, машинско разастирање на ископаниот материјал со оформување на насипи, сечење и извлекување на дрвја, довоз на земја 3-та категорија за насипот и сл. “ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Оваа акција ја најави и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Ванчо Костадиновски. -Тоа предвидува 20 километри чистење на Црна Река од Прилеп до Битола, Владата донесе Акционен план за темелно чистење, а се однесува за превентивна заштита од наредната сезона, изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделие. Костадиновски рече дека со партнери до ЕУ и УНДП е договорено план и програма за санација на оштетените објекти и повторна изградба на оние кои се срушени. -Тој план ќе се реализира на крајот на септември, предвидува целосна регулација, но и изработка на студија, во износ од 2 милиони евра, изјави Костадиновски.Во меѓувреме ќе се реализира се она што е предвидено со акциониот план. -Ќе се реализира со средства од Владата и од општините, во вредност од 1 милион евра, рече тој.Костадиновски рече дека се очекува студијата од УНДП да биде готова на крајот на октомври. 3