Информатор на општина Новаци 40 | Page 15

Промоција на книгата „Двоглед“ Во рамките на Културно лето Новаци 2015 се промовираше книгата „Двоглед“ на авторката Весна Мундишевска Велјановска. Книгата поезија е составена од два циклуси од по 22 песни и пролог. Низ двата циклуси Оглед прв – рецепција и втор Оглед – перцепција разработен е различниот пристап на поединецт кон животот во зависност од неговото воспримање на нешатата(перцепцијата)и согледбата т.е пристапот кон збиднувањето ( рецепцијата). „ Од каков агол и да се погледне „Двоглед“ секој пат ќе биде двојно гледање, двое глед, оглед и соглед, двоглед...нечиј самосвест вглед или светоглед. Пак ќе бидат инспиративни варијации на дуалност во поставката на делото, во пермутацијата која и читателот го позиционира како фигура на двобојното шаховско поле на животот и светот. Јас го направив потегот. Сега на ред е имагинативната продорност на читателот“ вели авторката Весна Мундишовска Велјановска. Промоцијата на книгата „Двоглед“ е во рамките на Културно лето Новаци 2015“. „Стихозбирката „Двоглед“ многустрано ја определува доблеста како вистинска мерка и исклучителност. Всушност ако доблеста се учи, ако животот, во овој случај поезијата не е само уметност на живеењето туку и уметност на умирањето, тогаш поетесата тргнала од уметноста на умирањето на човечкиот дух за да ја предочи уметноста на живеењето. “ вели Милица Димитровска Радевска, рецезент. „Идејата за математички точно определената конструкција на циклусите дваесет и две рецепции и дваесет и две перцепции заедно со именувањата на ова поетско вдаховение носи филозофска заднина. Комбинацијата на својствата што ги имаат четирите базични елементи го носи бројот 22. Универзумот како бесконечна комбинација од ѕвездени системи е толку широк и просторен што авторката Весна ја чувствува близината на таа слобода, знае да живее , да посочи како секој човек во теко на животот поминува низ фазите на развиток, психички, емоционален, општерствен и кулутолошки. “ вели Елизабета Јончиќ, промотор. Покровител на настанот беше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. 15