Информатор на општина Новаци 40 | Page 12

Отворени денови со земјоделците во Новаци и Гермијан Започнаа отворените денови со земјоделците а самиот проект го најави заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски. Во текот на еден месец стручни тимови составени од претставници од Министарството за земјоделство, АПРЗ и Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој ќе посетат 102 населени места во цела држава.На овие денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. „Вакoв отворен информативен ден ќе има во Новаци денеска со почеток во 20 часот во салата во Општина Новаци а во 21 часот во с.Гермијан.Пред десеттина дена имавме обука за користење и информирање на земјоделците за користење и палицирање за средства од ИПАРД повикот. Целта на ваквите средби е земјоделците да се информираат правилно со цел да се зголеми успешноста во користењето на средствата од ваквите и слични повици“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевси. Вчера заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски при посетата на општина Могила, истакна дека на овие трибини сите прашања ќе бидат одговорени а на земјоделците покрај информирањето за финансиските програми и ИПАРД програмата ќе им се помогне и при пополнувањето на апликациите. Овој