Информатор на општина Новаци 39 | Page 7

На месната заедница од с.Мегленци му беше одобрено средства за набавка на градежни матерјали(чакал 1,2,,3 чакал 15м3, песок 1 10м3, цемент 100 вреќи) и ангажирање на градежна механизација(скип). Советниците изгласаа на КУД,,Новаци,,Новаци и АФ Плетенка-Битола да им се обезбеди автобуски превоз до Лудбрег-Република Хрватска. Советниците разгледаа и разни други барања од фирми и физички лица и тоа: за поставување на бетонска цевка (Ф 500 во должина од 6м )на полски пат, на Ј.П.Македонски Шуми-Скопје, ПШС,,Кајмакчалан,,-Битола им одобрија користење на теренско возило лада нива и гориво за чистење на коритото на Црна река, на ФК,,Новаци2005,,Новаци и фудбалска школа ,,ЛГ Спорт,,Битола им одобрија финансиски средства за организирање на меѓународен фудбалски турнир за деца до 13 години.Беше усвоено барањето од жители од с.Новаци за асфалтирање на улица, барањето од Црковен одбор од с.Градешница за набавка на градежни матерјали и гориво. На Месната Заедница с.Гнилеш им беше одобрено санација на патот од с.Тепавци до манастир Св.Илија како и санација на браната додека на месната заедница од с.Орле градежна механизација за санирање на брана и рамнење на улици. Советот на општина Новаци на 37-мата седница им додели финансиски средства на ФК Новаци 2005-Новаци за натпреварување во Трета македонска лига на Македонија за Есенскиот дел 2015 година и на КИК Новаци за реализација на манифестацијата ,,Културно лето Новаци 2015,,. Советниците донесоа предлог-Одлука за отпочнување на постапка за изработка и донесување Локална урбанистичко-планска документација за изградба на намена Д3спорт и рекреација на КП 487 и дел од КП 486 КО Скочивир а беше усвоено и барањето од Пецо Шурбевски од с.Новаци за одобрување на финансиски средства за штети на куќата и дворот за време на поплавите 2015 година(од донаторска сметка за Поплава 2015 година). 7