Информатор на општина Новаци 39 | Page 6

Советот на општина Новаци ја одржа 37-мата седница Советот на општина Новаци имаше полни раце работа затоа што во рамките на денешната седница разгледаа и дискутираа за доста обемен дневен ред кој содржеше 30-тина точки за различни проблематики. Седницаата започна со усвојување на записникот за претходната 36тата седница а продолжи со усвојување на тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2015 - 30.06.2015 година.Советот формира комисија и именуваше членови за доделување на студентски стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија . Советниците го усвоија барањето од манастирот Рожденство на Пресвета Богородица-Новаци за одобрување на финансиски средства за одржување на манастирот. Потоа беа донесени 9 предлог одлуки за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за селата Новаци, Г.Агларци ,Добромири, и Старавина. Беше усвоено барањето на емсната заедница од Гермијан за санација на повеќенаменското игралиште(оградата, нови кошови, дрвени клупи и друго), потоа за ангажирање на градежна механизација(скип) и набавка на градежни матерјали(чакал) за река Елешка и за обезбедување на автобуски превоз за посета на манастирот Св.Јован Бигорски Усвоено беше и барањето на месната заедница од с.Д.Агларци за одобрување на средства за градежен матерјал(песок 1 и 2 три камиони) и градежна механизација(скип за ископ на 15м канал) за потребите на црквата Св.Петар и Павле и барањето од месната заедница од с:Рапеш за ангажирање на градежна механизација за санирање на брана и улици во селото. Советниците го усвоија барањето поднесено од црковниот одбор на манастирот Св.Никола за доасфалтирање на патот(100м), од Здружение за заштита на културното и природното наследство на Мариово-НЕТОП за организирање на традиционалниот Етно Илинденски концерт во с.Градешница , барањето за спонзорство(3 клими) од Интерно оделени при Клиничка Болница ,,Трифун Пановски Битола. Советниците ги разгледаа и усвоија неколкуте барања од месната заедница од с.Живојно и тоа за одобрување на средства за санирање на брана(дефект на цевка, ископ и утврдување на дефектот за одобрување на средства за поставување на плочки на патека и дворот на црквата Св.Спас, за набавка на градежен матерјал(2камиони тампон) и градежна механизација(скип), одобрување на средства за набавка на градежен матерјал (12камиони тампон) и градежна механизација(машина за рамнење), и за одобрување на ци FF B