Информатор на општина Новаци 39 | Page 13

Театарска претстава и летен детски камп за старт на Културно лето Новаци 2015 Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска на сите дечиња учесници во Летниот детски камп кој се одржуваше овие 4 дена во Новаци во рамките на Културно лето Новаци 2015 , им врачи пофалници. Како втора активност на самиот старт на оваа културна манифестација која се одржува трета година по ред беше изведена детската театарска претстава „Ојле брада во животинска балада“. Културно лето Новаци 2015 година ќе се одржува во две фази од кои првата во јули а втората во месец август. За 13.07 понеделник, организаторите имаат предвидено концерт на културно уметничките друштва Дримкол од Вевчани и Новаци од Новаци а на 16.07 детски музички перформанс на модерни танци на танцовиот клуб Ехпосе со почеток во 18 часот во центарот на Новаци. 13