Информатор на општина Новаци 39 | Page 12

Свечено отворено културно лето Новаци 2015 Со концерт на трите фолклорни друштва Новаци од Новаци, „Дримкол“ од Вевчани и „Мирче Ацев“ од Тополчани беше отворено културното лето „Новаци 2015“. „Македонскиот фолклор е нашата душа, нашето богато културно наследство. Треба да го негуваме и промовираме,треба да го зачуваме. Оваа вечер на задоволство на сите уживавме во игри ,песни и ора од речиси цела Македонија“ рече пред чприсутните градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. КУД „Дримкол “од Вевчани предводени од уметничкиот раководител Тоше Чочороски на летнаа сцена во дворот на општината одржаа концерт на кој пред публиката ја принесоа својата оригиналност на изворниот и традиционален фолклор од Дримколската област. Во богатата културно-уметничка програма имаше и ора и староградски игри од охридското и битолското етно-географско подрачје на југозападна Македонија. Програмата беше збогатена и со сплет од игри и песни од Егејска Македонија од домаќините КУД „Новаци“ и сплет од игри и песни од источна Македонија во изведба на гостите од Фолклорниот ансамбл „Мирче Ацев од Тополчани. 12