Информатор на општина Новаци 38 | Page 3

Градоначалникот Котевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Спојот на искуството и свежината во кадровската политика, како што и беше најавено, треба да ја водат партијата во следните години. На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ партијата избра нов состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е во рамките на Статутот на Партијата и беше во очекување после одржувањето на редовниот Конгрес во Куманово и несомнената поддршка која ја доби Никола Груевски на истиот. Централниот комитет на ВМРОДПМНЕ, на предлог на партискиот лидер Никола Груевски, го реизбра Емил Димитриев за генерален секретар и избра нов состав на Извршниот комитет, во кој остануваат дел од досегашните членови, но има и 10 нови имиња, информираа од владејачката партија. Така, во партискиот ИК остануваат Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Зоран Георгиевски, Силвана Бонева, Зоран Илиоски и Влатко Ѓорчев. Од новоизбраните членови тука се веќе познатите Коце Трајановски и Миле Јанакиески, додека има и анономните ликови за пошироката јавност, меѓу кои Никола Димески од Прилеп, Христијан Мицковски, професорот од Машинскиот факултет, доктор Александар Митов, Лазар Котевски, градоначалник на Новаци, Никола Затуровски, директор на средното училиште Нико Нестор во Струга… Оттука, луѓето што се повлекоа од јавните функции по избивањето на политичката криза, како Мијалков и Јанкуловска, остануваат соработници на Груевски во партијата, додека третиот функционер што се поднесе оставка – Јанакиески, е избран за нов член на таканаречената партиска влада. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет неколку пати прави ротации во членовите на Извршниот Комитет со цел да им се даде можност на што е можно повеќе луѓе да стекнат искуство, знаење и контакти кои подоцна можат да ги искористат во секојдневното работење на функциите кои ги имаат во насока на реализација на партиската програма и потребите на граѓаните. Очигледно е дека така е постапено и овој пат. Од овој состав на ИК на Партијата се очекуваат да ја продолжи успешната работа на ВМРО-ДПМНЕ. Спојот на искуството и свежината во кадровската политика, како што и беше најавено, треба да FcB