Информатор на општина Новаци 38 | Page 11

Годишнина од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре,Шипковица Делегација на општина Новаци и ФК Новаци , положија цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел“ во Битола и споменикот кај Касарната, по повод 14 годишнината од загинувањето на тројцата бранители кои животот го загубија кај Гајре, Шипковица во конфликтот во 2001 година, меѓу кои и Пеце Матичевски кој родум е од Новаци. „Утре се навршуваат 14 години од загинувањето на бранителите во конфликтот во 2001 година, кога згаснаа младите животи на Пеце Матичевски,Влатко Миленковски и Благојче Силјановски. По тој повод на споменикот Ангел во паркот кај Саат кулата и во касарната Стив Наумов делегација на општина Новаци и фудбалскиот клуб Новаци положивме цвеќе. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце ,подрачното министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери на РМ секоја година организира бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите меѓу кои и меморијалниот турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделението за одбрана Битола. На меморијалниот турнир ќе биде доделен преоден пехар и пехар во трајна сопственост. „Секоја година не забораваме да се сетиме на животот и делото на овие бранители кои загинаа за ние денес да живееме слободно .Општина Новаци секоја година го одбележува овој тажен јубилеј, затоа што еден од загинатите бранители, Пеце Матичевски е по потекло од Новаци.Утре на неговото вечно почивалиште наша делегација ќе се поклони и ќе положи свежо цвеќе. Потоа во 19 часот на повеќенаменското игралиште во Новаци свечено ќе биде отворен вториот турнир во мал фудбал кој го носи името на херојот Пеце Матичевски. Овој турнир ќе продолжи да се организира и понатаму во чест на делото и животот на овој нас сограѓанин. “ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Пред две години на гробишата во Новаци беше поставен јарбол на кој се подигна знамето на РМ по повод годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски, а годинава тоа ќе се направи на гробот на Влатко Миленковски. Овој знак на сеќавање и оддавање почит го реализира Организацијата на резервни офицери на РМ. 11