Информатор на општина Новаци 37 | 页面 6

Одбележан Денот на полицијата во Полициската станица во Новаци Денот на македонската полиција 7 ми мај одбележан и во полициската станица во Новаци. Станицата ја посетија првачињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и дечињата од претшколска возраст кој го посетуваат Центарот за ран детски развој „Бамби“ кои одблиску се запознаа со работата на чуварите на редот и мирот, со нивото оружје и реквизити со кои располагаат а ги користат при вршењето на нивната секојдневна должност. „Денеска се одбележува денот на полицијата а бидејќи во нашата општина имаме полициска станица дојдовме тука заеднички да го прославиме овој ден. Постоењето на полициска станица во нашата општина е од големо значење и можам да се пофалам дека имаме одлична соработка на секое поле.Ваквите едукативни посети се од голема корист за дечињата особено да се запознаат со работата на чуварите на редот и мирот и да не се плашат од нив туку напротив да побараат помош доколку им е потребна.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Претходно полицајците од Новаци беа вклучени во обележување на пешачки премин во близина на основното училиште заради поголема безбедност на децата кои секојдневно се вклучени во сообраќајот. Денот на македонската полиција беше одбележан ширум целата држава. 6