Поставен камен темелник за капела во црквата Св.Атанасиј во Новаци
Во присуство на
градоначалникот на
општина Новаци,
Лазар Котевски,
свештено лице и
месното население
беше означен
стартот со
изградбата на
капелата во црквата
Свети Атанасиј во
Новаци.
„ Овој објект кој
денес започнуваме
да го градиме е на
барање на
населението и ќе
биде од особено значење за Новаци, затоа што е неопходен според најновите закони а
досега немавме такво место. Капелата за еден месец ќе биде изградена до карабина а
потоа ќе следува финиширање на изградбата со внатрешно уредување. Веќе изградивме
таков објект во село Гермијан и понатаму ќе градиме секаде каде ќе има потреба за тоа “
рече градоначалникот Котевски.
Капелата во село Новаци чини 1.100.000 денари додека во с.Гермијан 573.000 денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на општината.
9