Информатор на општина Новаци 36 | Page 5

4.Општина Новаци е рурална општина каде најголем број од локалното население се занимава со земјоделство. Оттаму изградбата на современ и модерен систем за наводнување е повеќе од неопходен. Реализацијата на овој проект е долгогодишен сон на земјоделците од пелагонискиот регион кој ќе придонесе за олеснување на нивната работа како и зголемување на земјоделските приноси. Проектот е во почетна фаза и истиот чини околу 4.5 милиони евра. МЗШВ ќе интервенира со 80 милиони денари . Најпрво ќе се започне со изградба на јужниот крак од системот за наводнување. Во првата фаза ќе се искористи водата од акумулацијата на РЕК која досега непотребно се испушташе во река Црна, со што ќе се овозможи наводнување на околу 600 хектари обработливо земјиште. Во втората фаза со префрлањето на системот за наводнување на Стрежево ќе се опфатат останатите 1400 хектари, што значи дека вкупната површина изнесува приближно 2000 хектари . Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди сигурен проток на техничка вода за 630 домаќинства (2300 граѓани) кои се занимаваат со земјоделство во општина Новаци. Со него локалните земјоделци ќе имаат можност да го унапредат земјоделското производство кое е значително ограничено од недостатокот на вода. Физибилити студијата за економска оправданост врз која се заснова проектот е финансирана од Проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси, а проектот ќе се спроведува преку партнерство меѓу Општина Новаци, РЕК Битола (ЕЛЕМ) и Јавното претпријатие "Стрежево" во повеќе фази. Системот ќе се снабдува со потребната количина на вода преку поврзување со хидросистемот "Стрежево" и акумулацијата "Суводол". 5. До крајот на оваа година треба да започнеме со комплетно реновирање на партерното уредување на рекреативниот парк Коњарка кај Скочивир. Вредноста на овој проект изнесува околу 90 илјади евра а средствата ќе бидат обезбедени преку ИПА Проект за прекугранична соработка со општина Алмопиа,Грција со која веќе реализиравме еден ваков проект. Ова е всушност продолжение на првиот. Веќе сме во завршна фаза од преговорите со Делегацијата на ЕУ во Скопје и наскоро очекуваме да го потпишеме договорот и да започнеме со