Информатор на општина Новаци 36 | Page 17

Прославен Денот на шегата во општина Новаци Дечињата од Центарот за ран детски развој "Бамби" од Новаци како и секоај година така и оваа ја посетија општина Новаци и пријатно го изненадија градоначалникот, Лазар Котевски за 1 април - Денот на шегата. Во неговата канцеларија продефилираа спајдермени, принцези, кувари, вештерки, полицајци, кралеви и што уште не. Ова е редовна практика во игротеката Бамби за сите поголеми празници дечињата ја посетуваат општината или пак градоначалникот Котевски присуствува на активностите на најмалите жители на општина Новаци. 17