Отворена канцеларија на локалната акциона група Пелагонија со седиште во Новаци
Во присуство на
претставници од
Мисијата на
Швајцарија, УСАИД,
локалните
самоуправи и
градоначалниците,
како и Центарот за
развој на
пелагонискиот
плански регион,
свечено започна
беше отворена
канцеларијата на ЛАГ
-от ПеЛАГонија со
седиште во општина Новаци.Овие Локални акциони групи во иднина преку препознавање
на приоритетите за развој на регионите, треба да реализираат проекти од интерес за
средината во која работат и функционираат.Приоритетот на пелагонискиот микрорегион е
ставен на развојот на малите бизниси и изработка на проекти кои ќе го помогнат животот
на населението од руралните средини.„Пред една година со пелагонискиот регион
финансирано од УСАИД бевме во Хрватска и видовме како таму работат ЛАГОВИТЕ. По
една година сега и овде имаме нивно формирање со што ќе се подобри преку нив
локалниот економвски развој“ рече
градоначалникот на Општина Могила
Стево Пивковски.„Отворањето на овој
ЛАГ за нас од Новаци е од особена чест
но и обврска со која ќе се развиваат
малите бизниси и ќе се имплементираат
различни проекти како капка по капка и
други“ рече секретарот на Општина
Новаци Стевче
Ангелевски.Иницијативата и
формирањето на Локалните Акциски
Групи се реализираше преку Центарот за
Развој на Пелагонискиот Плански Регион со финансиски поддршка од УСАИД, Карана
Корпорацијата и Швајцарската Развојна Агенција.„Министерството за земјоделство кое е
носите на мерките за имплементација на лидер пристапот, е наш партнер и во моментов во
националната програма за рурален развој е отворена мерка за поддршка на проекти кои
што треба да се реализираат од лаговите“ рече директорката на ЦРППР Емилија Ѓероска.
4