Информатор на општина Новаци 35 | Page 14

Прво место во мал фудбал за учениците од „Славко Лумбарковски“ од Новаци Екипата на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ од Новаци го освои првото место на турнирот во мал фудбал кој го организираше земјоделското средно училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола по повод патрониот празник .Александар Велевски од Новаци беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот. „Многу се радувам на ваквите успеси на децата од Новаци. Им посакувам понатамошни успеси и афирмација на општината.Ние како локална самоуправа постојано вложуваме во спортски објекти и развој на спортските активности затоа што на таков начин ќе маме здрави млади поколенија. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. На турнирот учество зедоа вкупно шест екипи од училиштата од Новаци, Кукуречани, Могила, Ивањевци, Долно Оризари и Даме Груев од Битола. 14