Информатор на општина Новаци 35 | Page 12

Позначајни проекти кои се реализирани во 2014 година се следните:повеќенаменското игралиште во Новаци, патот Живојно-манастир Св.Илија во Живојно, асфалтирањето на локалните патни правци Р 513 Мегленци во должина од 2,5 км, Мегленци_Арматуш - 2,5 км, Гнеотионо-Брод – 3 км, Брод – Р 120 – 2,5 км, Р 513 – Зовиќ – 4,5 км и асфлатирање на 3 км улици скоро во сите населени места во Новаци.Исто така тука ќе го споменам и тениското игралиште во Добромири кое е во завршна фаза како и изградбата на спротската сала во Новаци, потоа направена е дренажа на црквата Св.Димтирија во с. Градешница, мостот и воденицата во с. Зович и кучата на Калеш НАѓа во с. Старавина со европски средства од ИПА програмата, при крај е реконструкцијата на деловниот објект во центарот на Новаци во кој ќе се сместат невалдините организации, тука е и пензионерксиот клуб и сл. 6.Кои се вашите идни планови и проекти за доброто на општина Новаци што планирате да ги направите? Имаме планирано два големи капитални проекти за 2015 година а тоа е префралњето на хидросистемот за наводнување од Стрежево преку река Црна, како и спроведување на преоктот ТЕЛЕТЕРМ односно инсталација за паарно греење од РЕК преку Ноавци до Битола што ќе биде особено корисно и за развој на оранжериското производство на градинарски култури. Исто таака ќе се асфалтираат неколку патни правци и тоа:доизградба ба патот Брод-Гнеотино – 4,5 км, изградба на канализација во селата:Добромири, Бач,Гермијан , реконструкција на водоводот 5 чешми во Мариово, изградба на пешачки мост во Градешница, реконструкција внатре на црквата Св.Димитрија во Градешница,реконстрѕукција на манастирот Св.Илија во Мариово, целосна рекоснтрукција и уредување на рекреативно излетничкото место Коњарка кај Скочивир, деминирање на дел во Мариово и многу други тековни проекти. 7.Меѓу жителите на Новаци сте познат како добар градоначалник кој остварува, дали тоа допринесува да бидете уште подобар? Па тоа навистина ме радува затоа што ми претставува голема мотивација да продолжам да работам како и досега но и многу повеќе.Сакам на населението од општина Новаци да им ги подобрам условите за живот, да ја подобрам инфраструктурата односно да им го погобрам кавлитетот на живот.Тоа во голема мера го направив но во наредниот период ќе работам уште повеќе на тоа поле со цел да го спречам иселувањето, и да ги поттикнам оние кои тоа го направиле да се вратат назад во општина Новаци. 8. Планирате ли повторно да ја посетите Австралија? Да планирав да ја посетам Австралија оваа 2015 година но со непогодите и поплавите сега посетата ќе ја одложам за 2016 година затоа што тука имаме многу работа и сето она што е оштетено мораме да го санираме или пак повторно да го изградиме. 9. Дали имате некоја порака која сакате да ја упатите до сите Македонци преку нашиот портал Фаланга? Би сакал да им порачам на нашите исленици да бидат единствени и да си ја сакаат Македонија, да не веруваат во се што ќе слушнат и да не подлегнуваат на разни притисоци.Исто така би им порачал да дојдат да не псоетата , да си ги посетат своите родни огништа, да се видат со совите роднини и пријатели а на бизнисмените македонци да дојдат и да инветисраат во родната грутка затоа што ние тука имаме голем број поволности. 12