Информатор на општина Новаци 35 | Page 11

Интервју за Фаланга - Лазар Котевски-градоначалник на општина Новаци 1.Почитуван Господин Котевски сведоци сме на големите штети кои ги направи невремето кое ја зафати општината Новаци. Дали може конкретно да ни кажете колкави се штетите? Да , направени се големи штети од невидените поплави кои не зафатија, поплавени се огромни пространства земјоделски површини, поплавен беше манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новац, стадионот, неколку куќи, објекти и слично.Една куќа е целосно уништена и ќе треба целосно да биде изградена. Оштетен е патот Брод –Гнеотино, патот кој врви низ Новаци до РЕК, фабриката за вода Вазар во Рибарци . Моментално штетите допрва ќе се утврдуваат затоа што Комисијата чека да се повлече целосно водата од поплавените површини, а во општината веќе се поднесени околу 300 барања од земјоделци и околу 20 тина барања за увид на поплавени објекти. 2.Дали општина Новаци доби помош за настраданите од невремето и кој се помогна? Да општината доби помош за време на поплавите ис еуште ја добива. Најпрво голема благодарност со Владата знаете дека во критичните денови имавме посета од премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставревски,вицепремиерот Пешевски, мин.за транспорт Миле Јанакиевски, министерот за земјоделство, заменик министерот за земјоделство и многу други. Исто така локалното население постојано беше на терен и ни беше огромна помош и логистика за да се интервенира деноноќно на насипите.Добивме парични донации од Кромберт и Шуберт, ИМБ Млекара, од иселеници од странство за што навистина им сум многу благодарен, од збратимените општини Хрпеље-Козина од Словенија и Дуги Рат од Хрватска. Многу хумани беа директорот,вработените , учениците и родителите од ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп кои организираа хуманитарна акција преку која собраа и донираа вода, средства за хигиена , прехрамбени продукти и ќебиња.Донации добивме и од здружението на естрадни ументици, од КИК Новаци, од раководителот на П.Е на МЗШВ во Битола, од индивидуални лица кои сакаа да помогнат, од многу други општини од државата, донации во средства за хигиена, храна и прехрамбени продукти, вода , алишта, донација од Црвен Крст и многу други. На сите сакам јавно да им се заблагодарам за се што направија за општина Новаци. 3.Дали невремето беше единствениот причинител на поплавите? Да во најголема мерка невремето беше најголемиот причинител на ваквите поплави затоа што вакво нешто не ја зафатило општина Новаци од далечната 62 година. И колку да не е чистена река Црна вакво количество на вода неможеше да се собере никаде. Кон целата ситуација придонесе и нечистењното корито на река Црна, деветтиот и десетттиот канал како и секундарните канали кои секоја втора година детално ги чистиме и со таа практика че продолжиме и понатаму, затоа што ако и тие не беа чистени тогаш последиците ќе беа далеку уште поголеми. 4.Сметате ли дека треба нешто да се превземе за да не дојде до вакво нешто во иднина? Да, мора да се преземе нешто и бидејќи имавме посета од целиот владин врв речено е дека годинава ќе се преземе детално чистење на река Црна, 9-тиот и 10-тиот канал како и секундарната одводна мрежа. 5.Кои се ваши позначајни проекти кои ја одбележаа изминатата 2014 година? 11