Информатор на општина Новаци 35 | Page 10

Советот на општина Новаци ја одржа 32-та седница Само еден ден по свечената седница по повод Денот на општина Новаци кога се одбележа 19 годишниот јубилеј , Советот ја одржа редовната 32 –ра седница на која имаше 15 точки на дневен ред. Седницата започна со усвојување на записникот за претходно одржаната седница, а потоа се донесе одлука за усвојување на елаборат за проценка на штета од природната непогода – поплава на комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи на општина Новаци. Советниците донесоа три одлуки за утврдување на приоритет за проект за подобрување на општинските услуги ИБРД – 7699 и ИБРД – 8158 и користење на ЕУ ИПА грант за рурална инфраструктура и тоа за канализација во селата Гермијан и Рибарци и користење на овие средства за доизградба на Центар за ран детски развој во с.Новаци. Советот донесе одлука и за реализација на проектот - фекална канализациона мрежа во селата Добромири и Бач. Пред советниците се најдоа и неколку барања кои по нивното разгледување беа усвоени и тоа барање од Културно иновативниот клуб од Новаци за одобрување средства за реализација на проектот „Размена на културни традиции во руралните средии – Фестивал на книгата“.Другото барање беше за организирање на натпревар за најубава традиционална трпеза на ниво на Република Македонија. Следнат B