Информатор на општина Новаци 34 | Page 8

Критично во Новаци, опасност да се сруши мостот и патот на река Црна кој води до РЕК Ситуацијата со поплавите во Новаци е критична.Постои голема опасност заради надојдената вода која наликува на планински брзак да се сруши мостот и патот на река Црна кој поминува низ Новаци и води до РЕК. Доколку дојде до тоа цело село Новаци и најголемиот производител на електрична енергија во државата ќе останат отсечени. Градоначалникот Котевски, локалната самоуправа,кризниот штаб и локалното население цела ноќ се на терен борејќи се со водената стихија.Целата расположлива механизација е на терен , се копаат насипи за да се спречи надојдената река да не го полави целото село. „ Ситуацијата е навистина алармантна, заради надојдената вода од скинатото корито на река Црна на околу 100 тина метри од браната кај РЕК , скинат е и 9 тиот канал во должина од 100 метри , така што целата вода се слева наваму , веќе започнаа да се поплавуваат куќите на почетокот на селото, поплавено е и повеќенаменското игралиште а водата е дојдена скоро до училиштето. Затоа ги пуштивме децата да си одат дома и прекината е наставата заради нивна безбедност. Ситуацијата ќе беше далеку покритична доколку не преземевме превентивни мерки ушт