Информатор на општина Новаци 34 | Page 7

Црна река го поплави патот Брод-Гнеотино Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков синоќа ги посети поплавените подрачја во пелагониските општини Новаци и Могила, каде долж течението на реката Црна се поплавени земјоделски површини, но и друг имот во различна сопственост. Обилните врнежи придонесоа водостоите во сите реки да се зголемат, а тоа го направи и реката Црна во пелагонискиот дел која предизвика големи штети на земјоделците, истакна министерот Цветков по вечерашната средба со општинскиот кризен штаб во општина Новаци. Првичните проценки, како што рече, се дека во Пелагонија под вода се околу 5.000 хектари. Вечерва сме тука и го следиме нивото на реката кое се зголемува и затоа заседававме со сите надлежни структури, претставници на јавни претпријатија и пратениците и се договоривме што се треба да направиме како влада и министерство за да се реши проблемот со излевањето на реката Црна. Основниот заклучок е дека треба да се исчисти реката, да се намали нивото на реката до еден метар и според мене прифатлив е планот на ЈП за водостопанство да