Информатор на општина Новаци 34 | Page 4

Ставревски:Општина Новаци добро организирана , се справува со невремето Повеќе од 5.000 хектари плодно земјиште е под вода во пелагониската општина Новаци, откако нивото на Црна река во овој дел достигна неверојатни 4,84 метри. Општина Новаци мораше да интервенира на неколку критични места - од мостот на Црна, кај манастирот „Пресвета Богордица“, па сè до браната на РЕК Битола, од каде комбинатот се снабдува со вода во случај на пожари. Насипи со тампон се поставуваат и кај најзагрозените куќи во селата Гнеотино, Долно и Горно Агларци, како и во селото Новаци. Општина Новаци е добро организирана и успешно се справи со предизвиците од невремето, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при неговата посета на поплавените подрачја од пелагонискиот регион. Теренската посета на општина Новаци, како што рече, покажа дека последиците од невремето и обилните врнежи најмногу се чувствуваат во полето заради прелевање на водите. Но, добрата организација на Општината, градоначалникот и неговата