Информатор на општина Новаци 34 | Page 3

Премиерот Груевски и министерот Јанакиевски направија увид на поплавените подрачја во Новаци Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски ги посети поплавените подрачја во општина Новаци. Оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци,со земјоделците но одржа и состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој беа присутни градоначалниците на општина Новаци Лазар Котевски, на општина Битола Владимир Талески и на општина Могила Стево Пивковски. По втор пат за една недела Новаци го посети и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој посочи дека водата се повлекува и дека од понеделник ќе се почне со санирање на оштетувањата од поплавите. Ќе започнеме со санација на патишта, мостови. На состанокoт на Кризниот штаб во Новаци дискутиравме дека за определен период штом се повлече водата ќе треба да почне санација на коритото на реката Црна таму каде што е прекинато и долгорочно истата треба да биде исчистена. Груевски, заедно со Јанакиевски и Котевски посети и неколку семејства кои се диретно погодени од поплавите во општина Новаци. 3