Информатор на општина Новаци 34 | Page 17

Во Новаци се прослави Свети Атанасиј зимен Во општина Новаци се прослави верскиот празник Свети Атанасиј. Секоја година традиција е стариот кум да меси погача со златно крвче која се дели на сите присутни во црквата и оној кај кој ќе се падни крстот е новиот кум за следната годија.Годинава најсреќен беше Драги Деспотовски од Новаци. „Во мене се падна крвчето и јас ќе бидам новиот кум за Св.Атанасиј в година.Среќен сум и им посакувам среќа на сите жители на општина Новаци и пошироко.Господ да им подари здравје на сите.“ рече новиот кум Драги Деспотовски од Новаци.Како и секоја година така и оваа градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со неговите сожители присуствуваше на светата божествена литургија и прославата во црковната сала.„На 31 јануари секоја година го славиве Св.Атанас, денот на црквата во Новаци.Има голема заинтересираност кај локалното население и в ака славиме секоја година.Јас ги поддржувам сите вакви настани и на сите верници сакам да им посакам среќен празник и за ногу години. “ рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.Свети Атанасиј Велики бил Архиепископ Александриски.Роден е во Александрија во 296 година.Уште од детството бил наклонет кон духовниот призив и многу придонесе за побивање на Ариевата ерес и утврдување на православието.Автор е на Симболот на верата. По смртта на Александар, Св.Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски каде остана цели 40 години.Речиси сиот живот беше гонет од еретиците.Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св.Атанасиј.Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба.Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година. 17