Информатор на општина Новаци 34 | Page 16

Животот во Новаци се враќа во нормала Околу 300 барања за штети врз земјоделски површини ,20 барања за штети врз објекти и 1 куќа целосно уништена е билансот на евиденција на Комисијата за проценка на штети при општина Новаци од неодамнешните невидени поплави кои ја зафатија Пелагонија. „Барањата се веќе поднесени па чекаме уште малку да се исушат поплавените подрачја за да може Комисијата за проценка на штети при општина Новаци да излези на терен и да ја утврди фактичката состојба. Иако временските прилики се поволни, времето е суво и сончево, сепак и понатаму будно се следи состојбата на река Црна и каналите, особено на критичните места. “вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. На наменските сметки за донации кои општина Ноавци ги отвори постојано пристигнуваат финансиски средства кои ќе бидат користени за санирање на направените штети. „ Досега има околу 1 200 000 дена парични средства уплатени како донации на сметките. Од ФК Вардар односно од неговиот сопственик Самсоненко на семејството Мицевски чија куќа е целосно уништено ќе му се дадат градежни материјали во износ од 10 000 евра. Исто така тука сакам да ги посочам ИМБ Млекара Битола, Кромберт и Шуберт,збратимените општини Хрпеље-Козина и Дуги Рат кои исто така финансиски ни помогнаа, жителите на општината , иселениците од дијаспората и слично.Исто така сакам да им се заблагодарам на сите хумани луѓе кои постојано донираат вода, храна , средства за хигиена и сл. Кои им се даваат на оштетените. “ вели Котевски. Котевски јавно им се заблагодарува на сите фирми кои постојано беа на терен во критичните денови со своја градежна механизација и материјали со цел да се спречи настанување на поголема катастрофа.Исто така им се заблагодарува на локалното население за дадените натчовечки напори за градење на брани и насипи за спречување на поплавување на селата:Новаци, Агларци, Далбеговци, Гнеотино и Рибарци. 16