Информатор на општина Новаци 34 | Page 15

обезбеди на растенијата навремено и во оптимални количества, хранливи елементи, но и вода, воздух, топлина. Таа треба да претставува механичка потпора, и да ги штити растенијата односно да нема присуство на штетни материи, кои во даден момент можат да го попречат нормалниот развојот на растенијата, вели професорката Миткова. И од Федерацијата на фармери порачаа после повлекувањето на водата задолжително да се направат педолошки и агрохемиски анализи за да се види квалитетот на почвата. Дополнително побараа на земјоделците кои претрпеа штети од поплавите да им се дадат ваучери за набавка на репроматеријали. -ФФРМ апелира земјоделците да ги пријават до надлежните институции штетите кои им се направени од страна на невремето.На површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи, за да се види составот на почвата, како и да им се дадат соодветни совети на земјоделците за понатамошни активности кои треба да ги преземат за зачувување на квалитетот на почвата, односно почвата да биде во добра производна кондиција. На земјоделците трба да им се дадат ваучери за репроматеријали, зависно од големината на површината и културата и тоа препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расаден материјал и друго, велат од ФФРМ. Поплавени куќи, имоти, дворови, земјоделски површини, угинат добиток, ова е епилогот од поплавите кои ја зафатија Македонија изминатиов период. Новите дождови ги потопи