Информатор на општина Новаци 34 | Page 14

Поплавите го уништија земјоделскиот род, но и квалитетот на почвата во Пелагонија Поплавите не само што ги уништија дел од земјоделските производи, туку ќе предизвикаат и сериозни штети врз квалитетот на почвата, укажуваат агроекспертите. Неизвесно е дали поплавените површини откако ќе се повлече водата ќе го имаат истиот квалитет и потребни хемиски елементи за повторно садење на земјоделски култури. Токму затоа агроекспертите од оваа област порачуваат веднаш што се повелече водата да се направат агроехемиски и педолошки анализи, за да се види составот, квалитетот на почвата и да се знае понатаму какви ѓубрива или мерки ќе треба да се применуваат.-Состојбата е сериозна во смисла на тоа што од една страна се губи почвена маса поради ерозија, а од друга страна веќе обработливите површини се поплавени и погребани со наноси. Дури по повелкувањето на водата и дренирањето, знач .4.