Информатор на општина Новаци 34 | Page 13

Голем број на донации за поплавените во Новаци Денеска во општина Ноавци неколку донации за поплавените. Парична донација за семејството Мицевски чија куќа беше поплавена пред десеттина дена дадоа младите од Културно иновативниот клуб од Новаци.Имено тие организираа акција насловена како „Живеј,работи, создавај“. „Хуманитарната акција беше спроведена во продавниците во Ноавци но и во четири факултети во Битола:Педагошки,Биотехнички,Технички и Факултетот за информатички и комуникациски технологии .Благодарност до студентите кои донираа одделувајќи од своите скромни буџети.Благодарност за поддршката до деканатот на факултетите.“ велат од КИК Новаци. Паричната донација од раководителот на П.Е на МЗШВ Битола, Илија Србиновски, му беше веднаш дадена на располагање на Станко Мицевски од Ноавци за реконструкција на неговата поплавена куќа . во Многу хумани беа и директорот,вработените , учениците и родителите од ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп кои организираа хуманитарна акција преку која собраа и донираа вода, средства за хигиена , прехрамбени продукти и ќебиња. „Спроведовме една хумана акција за собирање средства за поплавените и наидовмње на голем одѕив од учениците и нивните родители.“ рече Трајче Каралиевски, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Прилеп. Парични средства се донирани од Кромберт и Шуберт, ИМБ Млекара, од иселеници од странство а најавена е и парична донација од збратимената општина ХрпељеКозина од Словенија.Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на сите хумани луѓе искрено им се заблагодари за покажаната грижа и дадената помош. 13