Информатор на општина Новаци 34 | Page 11

За да се спречи од поплавување Новаци ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК Со дозвола на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски намерно ќе се сечи регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата која му се заканува да го поплави цело село Новаци. „Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го сечиме патот со цел да направиме вештачки испуст на водата која е надојдена и постојано се зголемува заради пробиената е коритото на река Црна на 100 тина метри од браната на РЕК и 9-тиот канал. Поплавувањето на село Новаци е веќе започнато од синоќа, ги имаме евакуирано и првите луѓе но за да се спречи уште поголема катастрофа решивме да го преземиме овој чекор.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Се прават последните пдоготовки се алармира градежната механзиација и наскоро ќе се започне со сечење на асфалтот. 11